Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oпозиционерите ги копка што договорил Заев во Бугарија

Oпозиционерите ги копка што договорил Заев во Бугарија

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и по еден месец од средбата на премиерот Заев со бугарскиот колега Борисов бара одговор што е договорено во Бугарија.

Од партијата на екс премиерот ги копка она што, како велат Заев не го обелоденува во јавноста .

„Граѓани од Заев не добија одговор што договорил во Софија, но затоа го слушнаа Заев кој отиде и чекор понатаму па не само што не ги осуди бугарските националистички изјави, туку од Софија си ја обвини сопствената држава дека ширела национализам и омраза, без да каже кога и кон кого Македонија ширела национализам и омраза“, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ дополнувајќи дека Заев го крие договорот со Бугарија затоа што тој прави штета на државата и граѓаните и сака се помалку да се збори за тој договор.

Да потсетиме дека на средбата со Борисов, Заев доби поддршка и помош за Mакедонија на патот кон интегрирањето во ЕУ и НАТО, договорија потпишување на договор за добрососедство, што треба да се случи на заедничкото чествување на Илинден во Македонија. Заев најави и многу проекти во инфраструктурата и енергетиката. 

Слично

Поврзани вести