Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозиционерите бараат тие да го предложат наследникот на Зврлевски

Опозиционерите бараат тие да го предложат наследникот на Зврлевски

Во пресрет на денешното разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски, опозициската ВМРО ДПМНЕ бара тие да го предложат наследникот на Републичкиот јавен обвинител.

Имено, пратеникот Илија Димовски побара и наместо како досегашната пракса со просто мнозинство, јавниот обвинител да биде избран со двотретинско мнозинство.

Како што рече Димовски на прес конференција, опозицијата до Собранието поднела закон по скратена постапка, во кој освен барањето опозицијата да го предлага јавниот обвините, се бара и тој да се избира со двотретинско, наместо со просто мнозинство.

Според досегашното решение, Јавниот обвинител се избираше на предлог на Владата.

Димовски смета дека оваа измена би внела поголема инклузивност во процесот за избор на јавен обвинител на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести