Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозиционер вели дека Заев е во кампања за претседател на Македонија

Опозиционер вели дека Заев е во кампања за претседател на Македонија

Александар Даштевски, критичар на актуелната власт и актуелен претседател на Комисијата за дискриминација, за српски медиуми изјави дека премиерот Зоран Заев е во кампања за претседател на Македонија а дел од тоа е и заедничката номинација за Нобелова награда за мир заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас.

- Нема основ да му биде доделена награда за мир, со оглед на тоа што во преговорите меѓу Грција и Македонија се работеше за решавање на билатерани односи меѓу двете земји, односно за спор во врска со името Македонија. Се работеше за дваесет обврски кои треба да ги исполни Македонија и само една која треба да ја исполни Грција – да не го блокира приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, што е веќе предвидено со договорот од 1995 година. Сигурен сум дека Нобеловата награда ќе му биде доделена на некој кој ја заслужува, а ова е само пропаганда за да се омекне јавното мислење во Македонија, кое е против договорот од Преспа – вели Даштевски.

Даштевскји додава дека Заев убедливо би победил доколку се кандидра за претседател на Македонија. Претседателските избори ќе се одржат во мај.

Слично

Поврзани вести