Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата во Шуто Оризари во обид да им се помогне на граѓаните за вoзачки дозволи

Опозицијата во Шуто Оризари во обид да им се помогне на граѓаните за вoзачки дозволи

Група советници во Општина Шуто Оризари поднесе барање за свикување вонредна седница на Советот оваа недела,  но барањет не било прифатено, а иницијативата била да им се помогне на оние жители кои немаат возачка дозвола.

- Нашата иницијатива имаше за цел да се донесе одлука со која општината ќе помогне во покривање на трошоците за возачки дозволи и регистрација на граѓани кои се корисници на минимална гарантирана помош или социјална помош.

Сметаме дека е недозволиво да се тврди дека нема средства за граѓаните кои се во најтешка социјална состојба, додека во исто време се трошат:

• 56.000 евра за службено возило,

• над 200.000 евра за договори на дело,

• и други непродуктивни и небитни трошоци.

Во најкраток рок ќе ги објавиме сите релевантни документи и информации, по што ќе иницираме соодветни постапки, вклучително и кривични пријави за евентуално незаконско работење.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари, соопшти опозиционерот Илаз Лесковица.

Во изминатиот период во повеќе населби низ земјата имаше бунт од страна на припадниците на ромската националност поради одземени возила затоа што не пооседувале возачка дозвола.


Слично

Поврзани вести