Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата утре излегува на протести, на Денот на независноста лидерот Мицкоски порача: Имаме земја натопена во криминал

Опозицијата утре излегува на протести, на Денот на независноста лидерот Мицкоски порача: Имаме земја натопена во криминал

Во текот на утрешниот ден опозицијата излегува на улиците на протестите кои ги најави уште вчера, при што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека првиот протест ќе биде  против поскапувањето на цената струјата.

Во интервју за Дојче Веле, Мицкоски најави дека широкиот опозициски фронт ќе биде израз на неправдите, сиромаштијата и не нудењето ништо ново од страна на власта.

-Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши“, рече Мицкоски за Дојче Веле.

Инаку, во неговата денешна видео порака по повод Денот на независноста, Македонија е земја натопена во криминал и корупција.

-Мафија, мафија која управува со државата и сака да управува со животите на луѓето. Нашата генерација е тука и чекаме нова шанса. Македонија не успева затоа што на народот му треба пресвртница која ќе ги направи заедничките животи подобри и поуспешни. После 29 години зборуваме за истите цели како во времето кога се создаваше државата. Европска Унија, силна економија, сигурност итн..., порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Според него, потребни се промени кон подобро и заедничка борба, за да нема, како што истакнува во видео-обраќањето, богата влада, а сиромашен народ. 


Слично

Поврзани вести