Опозицијата се уште не добила покана од власта за дискусија за францускиот предлог
Во моментов се уште не е познато дали опозицијата ќе прифати да дискутира за францускиот предлог.
Според агендата, таквата дебата треба да се одржи утре, јавува ТВ24, но од опозицијата за телевизијата потврдиле дека се уште не добиле покана.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во владата, по средбата со владините коалициски партнери, рече дека започнува процес на широки консултации со претседателот, собранието, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите и експертската јавност за предлогот кој ќе ги откочи македонските евроинтеграции.
Во рамки на коалицијата, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во вестите на Сител побара францускиот прелдог да се преведе на македонски јазик за да биде разбирлив за народот и да се организира референдум по ова прашање. Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, истакна дека партијата се уште го гради ставот, додека од ЛДП, која првично не го прифати предлогот на француското претседателство, се уште нема ништо во јавноста.
