Опозицијата се оградува од Јакимовски и неговите закани кон новинарката Јордановска но и кон Јанчев
Осуда за однесувањето на Емил Јакимовски денеска стигна од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Од таа партија ги повикаа институциите да постапат согласно законските прописи, откако новинарката на А1.он Мери Јордановска на социјалните мрежи објави заканувачка но и вулгарна содржина која и упатил Емил Јакимовски.
„Тоа што во медиумите се прикажува СДСМ за лажен душегрижник за новинари, а во реалноста висок функционер на СДСМ има честа координација со Јакимовски го покажува лицемерието на СДСМ и нечесните намери. Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцена од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице“, информираат од опозициската партија.
Имено, Јордановска на својот Фејсбук профил објави принтскринови од заканите и навредите што Јакимовски и ги упатувал преку интернет, а подоцна истото го направи и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој исто така објави принтскинови од закани, вулгарни зборови и говоро на омраза што до него ги упатувал Јакимовски изминатиот период.
Со осуда за однесувањето на Јакимовски кој е член на опозициската партија и вработен во Централниот регистар се јавија и новинарките здруженија, ЗНМ и Самојстојниот синдикат на новинарите кои бараат институциите да ги санкционираат ваквите случаи кои се зачестија во предизборниот период.
