ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе добие прашање од пратеничката од НСДП, од коалицијата со СДСМ, Соња Мираковска.
Дијана Тоска, пак, од Европскиот фронт, има прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, како и до Арбен Фетаи, заменик премиер за политики и добро владеење, како и до министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев има да му постави прашање на премиерот Христијан Мицкоски, додека, пак, Борче Цветков од СДСМ ќе бара одговбор од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Сали Мурати од Европски фронт ќе му постави прашање на министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, Сашко Јанчев од Левица ќе бара одговор од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека, пак, Јована Мојсока исто од Левица, ќе има прашање до министерлата за обазование и наука.
Всушност, денеска ќе се поставуваат опозициски пратенички прашања, а новинарите реагираат дека тоа не било наведено во предлог дневниот ред на собраниската седница.
