Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седница за Законот за употреба на јазиците - Опозицијата одбиена

Седница за Законот за употреба на јазиците - Опозицијата одбиена

Собранискиот спикер Талат Џафери одби на почетокот на денешната пленарна седница да бидат разгледани предлозите за поднесените амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и го остави предлог Законот за употреба на јазиците за понатамошниот тек на денот, а ги почна точките на дневниот ред. 

Збор побара пратеникот Илија Димовски кој посочи дека со ваквата процедура спикерот Џафери го прекршува Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија одбивајќи да прифати амандманска расправа.

Илија Димовски побара и пауза за да се одложи гласањето, но и тоа беше одбиено од Џафери по што пратениците гласаа за првите две точки од дневниот ред, а Џафери посочи дека неговото барање за Законот за употреба на јазиците не е дојдено на ред за разгледување.

Собранието е во пауза од еден час. 

Слично

Поврзани вести