Опозицијата ќе ја бојкотира работата на Собранието за договорот со Грција
Опозицијата ќе ја бојкотира работата на Собранието која се однесува на Договорот за името со Грција.
Ова го истакна денеска пратеникот Антонијо Милошоски кој вели дека за понатамошни дејства ќе одлучуваат преку партиските органи.
За Милошоски договорот не е компромис туку уцена, што некој, како што наведе, морал да ја потпише или поради претходни дејствија или за идна награда.
Пратеникот вели дека правно договорот е антиуставен, национално е понижувачкии обвини за злоупотреба на европското знаменце на законот, со што биле прекршени сите процедури.
Слично
