Опозицијата ќе функционира преку 10 пратенички групи во Собранието
Пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ во Собранието ќе „војуваат“ преку десет пратенички групи од кои секоја ќе има свој координатор.
На првата група од шест члена, координатор ќе биде Илија Димовски. На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата – Зоран Илиоски, на четвртата – Владанка Авировиќ, на петтата група координатор е Даниела Рангелова, на шестата – Панчо Минов, на седмата – Димитар Стевананџија, на осмата – Драган Данев, на деветтата – Благица Ласовска и на десеттата пратеничка група – Драган Цукле.
Екс премиерот и екс техничкиот премиер како и екс собранискиот спикер не се кооридинатори на ниту една од групите, туку ќе бидат дел од првата пратеничка група од шест члена.
Целта според опозиционерите на ова групирање е можноста што ќе имаат повеќе време за зборување од собраниската говорница.
Собрансикиот претседател Џафери упати благодарност до пратениците од опозициската партија кои всушност на овој начин му ја признаа функцијата.
Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“.
