Опозицијата денес ќе „намине“ до Собрание-од утре повторно опструкции
Поради говорот на генералниот секретар на НАТО, ВМРО ДПМНЕ денес ќе се врати во собраниските столчиња.
Но, само за денес. Од утре бојкотот ќе го продолжат без учество во работата на Парламентот.
Како што е познато, опозициските пратеници ја опструираат работата на Собранието поради притворените пратеници кои се гонат за собраниските крвави настани од 27 април минатата година.
Денес во Собранието, Столтенберг ќе има средба со парламентарниот спикер Талат Џафери, но и одвоени средби со лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски, а од собраниската говорница ќе им се обрати на пратениците.
Слично
