Опозицијата бара од Царовска побргу да реагира: Ученици и наставници чекаат, а има помалку од три недели
Опозициската ВМРО-ДПМНЕпобара од министерката за образование и наука Мила Царовска да го објави концептот како ќе се одвива учебната година бидејќи, како што велат од таму, има помалку од три недлеи до стартот на наставната година.
„Оваа изгубена власт повторно неспремна и без идеја како да ја спроведе учебната година. Учениците, родителите и наставниците на само 15-тина дена до стартот на годината не знаат на каков начин истата ќе се спроведува. Нудат некакви си концепти, наместо веќе да беа подготвени. Дали тоа ќе значи уште една изгубена година во образованието, хаос и менување на плановите од месец во месец“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија..
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека родителите не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат.
„Учебната година штотуку не започнала, а учениците се уште ги немаат добиено сведителствата од претходната година. Заради неспособноста на Царовска и оваа година ќе започне со тотален хаос или со повторно одложување на стартот на учебната година. Толку од успешните реформи на Царовска“, се додава меѓудругото во истото.
