Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опожарен контејнер во Центар

Опожарен контејнер во Центар

Во текот на вчерашниот ден, од страна на непознати сторители беше опожарен еден сад наменет за одлагање комунален отпад лоциран на улицата 11-ти Октомври во скопската општина Центар, во непосредна близина на ДХО „Даре Џамбаз“.

Станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и неупотреблив.

„Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување, како и рачно миење на микролокацијата и во текот на минатата ноќ го заменија опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот“, информираат од ЈП Комунална хигиена.

За случајот се известени и надлежните органи.


Слично

Поврзани вести