Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПОЖАРЕН АВТОМОБИЛОТ НА ОБВИНИТЕЛКАТА ОД ПРИЛЕП - насилно влегле во гаражата каде бил паркиран, се прибираат докази

ОПОЖАРЕН АВТОМОБИЛОТ НА ОБВИНИТЕЛКАТА ОД ПРИЛЕП - насилно влегле во гаражата каде бил паркиран, се прибираат докази

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело, објавија од Основното јавно обвинителство.

Од таму посочуваат дека, според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

Слично

Поврзани вести