ОПОЖАРЕН АВТОМОБИЛ НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ - има сомнеж дека е поврзано со предметите на кои постапува
Во текот на ноќта од засега непознати сторители е опожарен автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
Од ОЈО соопштуваат дека интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.
Воедно од Јавното обвинителство соопштуваат дека „првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија“.
- Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините - се нагласува во соопштението на ОЈО.
Слично
