Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНОСТ ОД РАСФРЛАН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД НА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Инспекторатот за животна средина најави казни

ОПАСНОСТ ОД РАСФРЛАН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД НА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Инспекторатот за животна средина најави казни

Државниот инспектор за животна средина во текот на вчерашниот ден утврдил дека на Хируршките клиники несоодветно се третирал медицински отпад, кој бил ставен во картонски кутии. Инспекторите увидот го направиле по дојава на Службата за општи и заеднички работи на Клиниките „Мајка Тереза“ и според нив така складираниот медицински отпад спротивно на Законот за животна средина

-Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи и потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени, велат од ДИЖС.

Освен тоа, како што потенцира ДИЖС, примерок од медицинскиот отпад ќе достават до Судска медицина за да се утврди од каде точно потекнува отпадот, посочувајќи дека ќе има и санкции. 


Слично

Поврзани вести