Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНА И НЕБЕЗБЕДНА ДЕЛНИЦА, ИМА И МАГЛА УТРОВО: Автобусот се движел по лизгав коловоз, причини за несреќата може да има многу

ОПАСНА И НЕБЕЗБЕДНА ДЕЛНИЦА, ИМА И МАГЛА УТРОВО: Автобусот се движел по лизгав коловоз, причини за несреќата може да има многу

Богдан Милчев од бугарскиот Институтот за безбедност на патиштата вели дека оваа делница е крајно опасна и небезбедна.

„Во овој дел каде што се случи несреќата, има информации за многу слични инциденти - верижни несреќи, со автобуси, жртви и други низ годините. Мора да се стори нешто итно во однос на ова прашање“, рече Милчев.

Според изјавата на градоначалникот на Перник, пак, Станислав Владимиров, автобусот откинал околу 50 метри од заштитната ограда, движејќи се по влажниот коловоз. Го дели мислењето со Милќев дека овој дел од автопатот е еден од најтешките во Бугарија, има огромна денивелација, и голема концентрација на сообраќај.

„Патот е влажен. Овој дел има многу голема надолнина. Од вчера врне слаб дожд. Не може да се каже дали причината е лошото време, но причините може да бидат многу“, изјави Владимиров.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград.


Слично

Поврзани вести