Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСЕН ПОЖАР ВО НОВО СЕЛО - во близина на бензиска пумпа, испратени пожарникари и армиски хеликоптер

ОПАСЕН ПОЖАР ВО НОВО СЕЛО - во близина на бензиска пумпа, испратени пожарникари и армиски хеликоптер

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново  Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа, информираат од Центарот за управување со кризи. 

- Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато. 

Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство а армискиот во секој момент ќе биде таму. Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица - истакнува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. 

Фото: ЦУК

Слично

Поврзани вести