Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОНОЈ ШТО Е ВО ОЧАЈ СЕ ОБИДУВА ДА СОЗДАДЕ НЕПОСТОЕЧКА СИТУАЦИЈА“: Вреди со реакција до опозиционерите

„ОНОЈ ШТО Е ВО ОЧАЈ СЕ ОБИДУВА ДА СОЗДАДЕ НЕПОСТОЕЧКА СИТУАЦИЈА“: Вреди со реакција до опозиционерите

Претставниците на партијата „Вреди“, дел од владејачката коалиција денеска со реакција кон опозиционерите. 

- Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села.

Секој обид да се поврзе коалицијата ВРЕДИ или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? - пишува во соопштението које Вреди го испратија до медиумите. 

Од партијата додават дека „политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи“.

- Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки - нагласуваат од „Вреди“. 

За потсетување, вчера низ медиумите беше пренесена информација дека според Изет Меџити, еден од лидерите на „Вреди“, Зијадин Села би можел да биде дел од владината коалиција. 

Меџити укажа дека Националната алијанса за интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека се очекуваат структурни промени на политичката сцена.

Но, денеска лидерот на едно од крилата на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата на ДУИ, Национална алијанса за интеграција, Зијадин Села, негира дека ќе биде дел од владата.

Слично

Поврзани вести