Економија, финансии, бизнис

Контакт

Онлајн седница на Владата: Ќе се разгледува Програмата за задолжителна имунизација на населението

Онлајн седница на Владата: Ќе се разгледува Програмата за задолжителна имунизација на населението

На денешната седница на Владата пред министрите ќе се најде Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал, поднесени од Министерството за здравство.

Од Владата информираат дека на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање се неколку измени на закони меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина.

Онлајн седницата ќе започне во 11:00 часот со повеќе точки на дневен ред, а од Владата велат дека тие се предизборната програма за работа и во интерес на граѓаните.




Слично

Поврзани вести