Економија, финансии, бизнис

Контакт

Онлајн петиција да се запре пренамената на старата зграда на Државниот архив

Онлајн петиција да се запре пренамената на старата зграда на Државниот архив

Се потпишува онлајн петиција „Да се запре пренамената на старата зграда на Државниот архив на Р.М“ иницирана од проф. д-р Катерина Тодоровска, научен советник во Институтот за национална историја.

„Замолувам да се приклучите со громогласно пишување на вашата поддршка на оваа моја идеја. Ова посебно го адресирам и кон вработените во Државниот архив на Република Македонија кои немаат воздух во канцелариите, немаат дневна светлина во канцелариите, се гушат на 7-ми кат во новата зграда на Архивот, која во никој случај не располага со соодветни услови за чување на архивска граѓа“- пишува во петицијата на Тодоровска.

Зградата на Државниот архив датира од крајот на 60-ите години од минатиот век. Но, по речиси пет децении, сега државните архивски материјали се отстранети од природната средина и се преселени во простории на новиот Археолошки музеј покрај Вардар, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.  Дополнително, сега објектот на Архивот се прилагодува за нова намена –  Јавно обвинителство -Одделение за организиран криминал.

Тодоровска побара стопирање на сите работи во старата зграда. Вели дека се уништува национална историја и ја повика министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска да поднесе кривична пријава против „изумителите и сторителите на овој уништувачки акт“.  Таа пред неколку месеци испрати отворено писмо до Јавниот обвинител,  Марко Зврлевски од кого побара да реагира за заштита на повисоки и државни интереси.


Слично

Поврзани вести