ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОНКОЛОШКА ТЕРАПИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОСТАПНА И ВО АПТЕКИТЕ - пациентите ќе доплаќаат партиципација

ОНКОЛОШКА ТЕРАПИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОСТАПНА И ВО АПТЕКИТЕ - пациентите ќе доплаќаат партиципација

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

- Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да подигнат терапијата од аптека. Значи пациентите треба да земат извештај од онколог, потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата ќе биде околу 50 денари - истакнаа директорите на ФЗО.

Во врска со хормонската инјекција ресилиго, која ја примаат онколошките пациенти, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски за МИА изјави дека тие пациенти во текот на идната недела ќе бидат известени кога и каде ќе можат да ја примат терапијата. 

Фото: Архива

ad
Слично

Поврзани вести