ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски
Д-р Игор Стојковски е нов директор на Онкологија.
Министерот за здравство, Арбен Таравари за нов директор на Клиниката за онкологија го назначи доктор Игор Стојковски. Тој доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која овој месец и истекол договорот на в.д. позицијата.
Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа. Стојковски од 1997 до 1998 година работи како лекар – волонтер на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, а од 2000 до 2004 година како лекар на специјализација на оваа Клиника. Од 2018 до 2023 година бил доцент на Катедрата за онкологија со радиотерапија при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2023 година е вонреден професор на овој факултет.
Слично
