Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оние што се двоумат, убедете ги зошто е важно да се вакцинираат - Филипче со видео апел за да се зголеми вакцинацијата

Оние што се двоумат, убедете ги зошто е важно да се вакцинираат - Филипче со видео апел за да се зголеми вакцинацијата

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање вели дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот - вакцината.  

„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“.  

Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот онаков каков што го знаеме, да ги вратиме дружбите,прославите и забавите.  

„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“, вели Филипче.  

Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.  

„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои сеуште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“ – истакнува министерот Филипче. 

Ова е видеото со обраќањето на филипче. 

Слично

Поврзани вести