ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оние кои легално поседуваат оружје ќе купуваат муниција без досегашното одобрение: МВР електронски ќе врши контрола врз количините

Оние кои легално поседуваат оружје ќе купуваат муниција без досегашното одобрение: МВР електронски ќе врши контрола врз количините

Поедноставена е постапката во системот за легално поседување оружје, кажа преку социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Реализирана е уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје. Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција“, вели Тошковски.
Посочи дека ќе се врши контрола и увид во количините кои се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања, но тоа МВР ќе го стори преку електронски систем.

„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, вели Тошковски.

ad
Слично

Поврзани вести