ОНИЕ КОИ ГО „ИЗДАДОА“ АТАНАСОВСКИ ДОБИЈА АМНЕСТИЈА: Наследникот на Мијалков сѐ уште во притвор
Третиот директор на УБК за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Атанасовски е уште во притвор.
Додека останатите обвинети во истиот случај „27 април“ или крвавиот четврток, добија амнестија, добија куќен притвор или воопшто не поднесоа барање за амнестија јавноста не слушна ништо за Атанасовски.
Не е познато дали наследникот на Мијалков со кој заврши ерата на десетгодишното управување со УБК барал амнестија како поголем дел од своите сопартијци.
Ноќта на 4 декември Владимир Атанасовски заврши во притвор а на 7 декември беше донесен во судница каде на прашањата на судијата тој одговарал кратко, збунето и брзо.
-Не се сеќавам каде точно бев непосредно пред настанот. Со работа завршив во 18,30 часот а потоа заминав на ракометен меч - кажа тогаш Атанасовски.
Добрила Кацарска е судијката која го води овој процес и токму таа не била задоволна од овој одговор па побарала екс директорт да биде отстранет од судницата.
ОЈО постапи со приведување на Атанасовски по сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои во одбраната, како обвинети за инцидентите од крвавиот четврток, го посочија токму него како еден од организаторите на упадот во Собранието.
Ден пред да биде приведен Атанасовски, јавноста упати на апели токму тој да биде под лупа бидејќи би можел да се пушти во бегство.
СЈО го приведе пред да избега
Сведочејќи тој кажа дека Василевски-Нинџа примал наредби од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски и од началникот во Управата Никола Бошковски, кои постојано комуницирале со него.
Владимир Атанасовски кој е по потекло од Делчево го управуваше директорското кормило во Управата за безбедност и контраразузнавање.
Протестот на 27 април не ги задоволил неговите апетити во поглед на масовноста, а по тој датум кој ќе остане врежан во сеќавањата на оние кои во тој момент се затекнаа во Собранието и на кои коските им се тресеа од страв додека разулавена толпа граѓани беснееше низ Законодавниот дом, Владимир Атанасовски побарал да се фрлат бомби во домовите на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов и на сегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, но и да му се запали автомобилот на Љубомир Фрчкоски.
Ова го кажа сведокот Симовски на рочиштето за настаните од 27 април во Собранието.
е податоци од системите за прислушување.
Колкумина се амнестирани ....
Досега вкупно 15 лица добија позитивно мислење на барањето за амнестија.
Судот ги амнестираше водачите на а протестите „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски и Борис Дамовски.
Митко Чавков, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ и Душко Лазаров не поднесоа барање за амнестија и решија да се бранат на суд.
Амнестирани се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски, но и вработените во кабинетот на Трајко Вељаноски, експретседателот на Собранието, обвинетите Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски, потоа телохранителот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Захарије Симовски, браќата Стефан Младеновски и Михаил Младеновски, Митре Питроповски (со фантомка, ама според снимките пасивен набљудувач) и Илија Славевски, кој исто така е во притвор како Питроповски. Питроповски и Славевски излегуваат од притвор.
Обвинетите пак кои добија негативно мислење имаат право на жалба во рок од три дена.
СО НЕГО ЗАВРШИ ЕРАТА НА ВМРОВСКОТО УПРАВУВАЊЕ СО УБК: Кој е Владимир Атанасовски и што наредил на 27 април?