Економија, финансии, бизнис

Контакт

Онаму каде ќе има и втор круг МВР и за викендот ќе издава лични карти

Онаму каде ќе има и втор круг МВР и за викендот ќе издава лични карти

Во Министерството за внатрешни работи одделенијата за управни работи ќе работат во текот на викендот во регионите каде ќе се одржува втор круг од изборите и ќе издаваат лични карти.

„Сите барања за издавање лична карта(оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно исклучиво во регионалните Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг на локалните избори за градоначалници на општините и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа“- информираа од МВР.

Барањата за лични карти, ќе се примаат и одобруваат до 16.30 часот во саботата, а веднаш по приемот на апликацијата ќе се изработуваат и доставуваат до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

Во недела, на денот на изборите овие Одделенија ќе работат од 7 до 19 часот само за издавање на личните карти.

Од ДИК веќе соопштија дека во вториот круг ќе се гласа на 1517 избирачки места во 35 општини. 

Слично

Поврзани вести