„ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВА ПО ШАЛТЕРИТЕ НА МВР Е ПОРАЗ НА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО“: Професорката Каракамишева со реакција за турканиците за вадење нови документи
Откако со недели се зборува за невидениот хаос кој се случува при вадењето на личните документи, и по последното видео кое масовно се споделува на социјалните мрежи дека луѓето се туркаат за да стасаат до шалтерите, се огласи и професорката Тања Каракамишева, која целата ситуација ја оцени како пораз на човечноста.
„ @VladaMK дали знаете дека чл.11 од Уставот на Македонија ЗАБРАНУВА секаков облик на нечовечко или понижувачко однесување?
Дали знаете дека физичкиот и МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ на човекот се неприкосновени?
Она што се случуваше и се уште се случува по шалтерите на МВР за промена на личните документи е пораз на човечноста, пораз на човековото достоинство!!!“, напиша таа на својот фејсбук профил.
Слично
