Она што ни го прави Бугарија не прилега на ЕУ-членка, вели Пендаровски
Она што ни го прави Бугарија не прилега на ЕУ-членка, порача претседателот Стево Пендаровски.
Тој денеска учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ? ”
„Ако ние не бевме во НАТО и не ги споделувавме сите информации во тој систем, немаше да можеме да се справиме со сите други пропаганди и лажни вести. Ако ја споредиме пенетрацијата на руските служби во регионот, особено во Македонија, сега и таа не е толку голема во споредба со 2018-та година, кога го организиравме референдумот за членство во НАТО, и особено пред таа кампања, кога странски ентитети воспоставија 35 интернeт портали преку ноќ во земјава, од кои 2/3 имаа слични имиња на веќе постоечките“, вели Пендаровски.
Пендаровски изјави дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите.
Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот, а не го признава македонското малцинство. На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и уште неколку лица месецов не им беше дозволен влез во Македонија, по што Бугарија реагираше.
фото Фејсбук
