Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН потврди дека е стигнато писмото од Македонија и Грција

ОН потврди дека е стигнато писмото од Македонија и Грција

Новото име на земјава, Република Северна Македонија почна да се применува внатре, а стартуваше и процесот на информирање на меѓународната заедница за стапување во сила на Договорот од Преспа.

Македонија и Грција доставија заедничко писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

ОН вчера потврдија дека го добиле известувањето и најавија дека веднаш за новото име ќе бидат информирани Советот за безбедност и Генералното собрание.

Во најкус можен рок, како што потврди МНР за МИА, за промената на името ќе бидат информирани и земјите-членки, државите набљудувачи на ОН, како и сите останати меѓународни организации.


Слично

Поврзани вести