ОМИКРОН КОСИ, СЕ ЧЕКА БРОЈКИТЕ ДА ПАЃААТ: Комисијата ќе заседава за скринингот во училиштата
На кој начин ќе се одвива скринингот во училиштата ќе расправа денеска Комисијата за заразни болести на состанокот.
Засега состојбата со ковид во болниците е стабилна, има доволно капацитети и кадар, беше кажано вчера од министерот, кој додаде дека се бележи и благ пад на новоинфицираните.
„Така што, нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме“, смета ресорниот министер.
Како последица на коронавирусот, во последните 24 часа починале 22 пациенти, а преку електронскиот здравствен систем пријавени се четворица со претходен датум на смрт.
Во Македонија вчера се пријавени 711 нови случаи на коронавирус, а вкупно 26 починале како последица на заразата.
Во претходните 24 часа направени се 3.197 тестови за коронавирус, а 22,24 отсто биле позитивни, соопшти Министерството за здравство .
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 7.170 пациенти, со што вкупниот број на излечени се искачи на 246.864.
