ОМИКРОН БЕСНЕЕ НИЗ ШКОЛИТЕ: Ниски леукоцити, а високи гранулоцити, педијатрите со предупредувања
Иако стелт-субваријантата ги исплаши лекарите пред да се појави во Србија, српските педијатри велат велат дека не дава потешки клинички слики кај најмладите. Сојот омикрон, во моментов е многу доминантен кај децата и во Македонија, кои сега повеќе боледуваат од коронавирус од порано. Во неколку скопски училишта има паралелки кои се зафатени и каде има и по десетина болни. Сепак, она што охрабрува е дека нема потешки клинички слики кај децата.
Педијатрите велат дека симтомите се некарактеристични за ковид, односно повеќе личат на симптоми на грип. Тврдат дека има многу деца со течење на носот, болки во грлото. Според нив вирусот лесно циркулира во градинките и во училиштата.
Инаку и од омикрон кај возрасните има губење мирис и вкус, а кај децата не.
И во Соседна Србија ситуацијата е таква но таму има и стелт-омикрон
Педијатарот Дејан Јонев е на став дека без разлика колку брзо стелтот се шири паралелно со обичниот омикрон, за најмалите нема страв бидејќи вирусот ја изгубил силата.
- Искуството од почеток ми покажа дека кај децата имаме лесна клиничка слика, а потешки случаи не сум имал. Забележувам дека главоболките и треската, не висока, која трае ден-два, сега се многу чест симптом кај децата. Значи нема температури кои се високи или траат подолго. Кај голем број деца се забележуваат само несвестици и слабост, дури и кашлицата е ретка во последните два месеци - вели тој и додава дека ништо значајно не се променило во симптомите.
- Во петокот испратив десет деца на тестирање бидејќи нивните родители се позитивни, па веројатно и тие деца ќе бидат позитивни. Она што го забележуваме при анализата на крвта и врз основа на што ги тестираме е дека имаат пад на леукоцитите, а високи гранулоцити - вели д-р Јонев.
Според достапните информации, симптомите на стелт омикрон речиси и не се разликуваат од омикронот.
- Болка во грлото
- Потење во текот на ноќта
- Главоболка
-Солзени очи
- Замор
- Болка во мускулите и грбот
- Кашлица
- Температура до 38 степени, но има чести случаи и без неа
- Дијареа, можна кај деца и млади
- Вртоглавица се јавува поединечно
