ОМД ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Македонците немаат цена, Mакедонците не се на продажба!
Македонците од Албанија не се на продажба, порача Oбединетата Македонска Дијаспора (ОМД).
Обединетата македонска дијаспора - ОМД денеска упати порака до Македонците кои живеат во Албанија слободно да се изјаснат како Македонците на пописот на населението што од понделеникот се спроведува во Албанија.
„ОМД изразува голема поддршка за Македонците во овогодинешниот попис во Албанија! Во овие моменти на идентитетско негирање и поткупување од страна на надворешни држави, излези и попиши се како Македонец! Македонците немаат цена, Mакедонците не се на продажба!“, се вели во пораката од ОМД.Од Македонското друштво Илинден од Тирана деновиве алармираа дека Бугарите делат телефони, таблети за Македонците да се изјаснат како Бугари. Тие посочија на дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа.Фото: Институт за статистика на Албанија
Слично
