ОМД: Не смеат да се прифатат услови кои ќе им наштетат на македонските национални интереси
Обединета македонска дијаспора (ОМД) поддржува формирање на стабилна влада и излез од неколку годишната политичка криза во Македонија.
Од ОМД велат дека во напорот да се создаде влада и да се задоволат коалиционите партии, политичарите никако не смеат да прифатат услови кои ќе им наштетат на македонските национални интереси.
ОМД силно се противи на прифаќањето на т.н. албанска платформа за воспоставување на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија.
„Ова е класична уцена и не смее да биде прифатена од ниту една политичка партија во државата. ОМД ги предупредува најголемите политички партии во државата, а посебно СДСМ која што во моментов преговара со партиите на албанското малцинство во државата, дека нашата организација нема да ја прифати како легитимна владата која би ги ставила партиските интереси над националните“ - додаваат од ОМД.
Во исто време, ОМД ги повикува партиите на албанското малцинство во државата да ги стават интересите на Република Македонија како примарни, и да не фунционираат со пазарење и уцени со цел да ги промовираат нивните политички идеали и цели.
