Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД не го одобрува , „Форумот“ го поздрави договорот, а едно македонско здружение од дијаспората дури и му се закани на Заев

ОМД не го одобрува , „Форумот“ го поздрави договорот, а едно македонско здружение од дијаспората дури и му се закани на Заев

Ставот на Македонското меѓународно движење за човекови права е најрадикален по прашањето за промената на името и договорот од Преспа од сите преостанати македонски здруженија од дијаспората.  Од таму велат дека со правилна политика требало да се издејствува Западот да го осуди секој обид за прекршување на основно право на секоја земја за самоопределување.

кое го осуди „западното покривање на настаните“ околу договорот, како „фактички неточно... и расистичко, затоа што потенцијалната промена на името на една земја и на етничкиот идентитет, потекло, јазик и историја на нејзиниот народ – сè во име на удоволување на нејзините потчинители – не може да биде повод за ‘славење’“.

ММДЧП потенцира дека „еден премиер не може самоволно да го смени името на Македонија; секој предлог за промена на име го прекршува македонскиот Устав, и прекршителот-водач се соочува со затворска казна; за секоја голема промена која не го прекршува Уставот: потребно е парламентарно гласање и референдум“, како и дека „македонскиот претседател има право на вето, кое веќе најави дека ќе го употреби“.

Обединета македонска дијаспора (ОМД) не го одобрува потпишаниот договор кој е пред ратификација во Собранието на РМ, но без остра реакција.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека „пакет-решението за промена на името на државата е неосновано, iако не го смета договорот за идеален, ФДМ е со став дека се работи за „веројатно најдоброто можно решение во овој момент

„Никој не поседува мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци, и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”, смета Обединетата македонска дијаспора

ОМД смета и дека „избрзаната и аматерска дипломатија на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, е водена од други мотиви, кои не се евроатлантските интеграции“ и обвинува за велепредавство, за загрозување на независноста на Македонија и за повреда на нејзиниот углед. ОМД бара од „креаторите на решението - најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и преземање мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓудругото, и со распишување на предвремени парламентарни избори“.

Организација на македонските иселеници Форумот за демократска Македонија, пак го поздрави договорот и низ соопштение го изрази ставот дека промената на името „од Република Македонија во Република Северна Македонија, не го менува идентитетот на етничките Македонци и македонскиот јазик. Напротив, договорот ги гарантира идентитетот и јазикот без да навлегува во правото на национално определување“.

Според ФДМ, „наметнатиот проблем со името, иако неправеден, со децении беше пречка за остварување на евроатлантските аспирации на Македонија. Затоа, ФДМ смета дека постигнатиот компромис е добар почеток за градење меѓусебна доверба меѓу двете соседни земји, поместување од мртвата точка и надминување на блокадата за членство во НАТО и ЕУ“.

Иако не го смета договорот за идеален, ФДМ е со став дека се работи за „веројатно најдоброто можно решение во овој момент. И секако, со решавањето на спорот со името, оваа и сите други идни влади отсега ќе треба да преземат одговорност и да се посветат на економските, правните и корупциските проблеми во државата кои се од основно значење за сите граѓани“.



Слично

Поврзани вести