Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД ја осудува изјавата на Ципрас дадена во Белград

ОМД ја осудува изјавата на Ципрас дадена во Белград

Од Обединетата македонска дијаспора велат дека за време на посетата на Србија, запрашан за односите со Македонија и проблемот на Грција со името на македонската држава, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека билатералните односи помеѓу Грција и нејзините соседи не можат да бидат успешни без да се има обострана почит. 

Оваа изјава е уште една од низата обиди на Грција да ја прикрие вистината за проблемот што Грција го има со својот северен сосед, Република Македонија. 

„Веќе дваесет и пет години, од денот на осамостојувањето на Република Македонија, Ципрас и неговите претходници имаат непријателски и обезвреднувачки однос кон својот северен сосед, кому на најгруб начин се обидуваат да му го одземат основото човеково право на самоопределување, според повелбата на Обединетите нации, а и правото на употреба на мајчиниот јазик на македонското малцинство во Република Грција“ - додаваат од ОМД.

ОМД како најголема организација на Македонците надвор од Македонија, се чувстутва одговорна пред македонскиот народ најостро да ја осуди оваа изјава. 

Единствениот начин за подобрување на односите помеѓу Република Грција и Република Македонија е Република Грција да изрази почит кон македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет, како и почит кон постоењето на македонското малцинство во Грција, сметаат од ОМД. 

Слично

Поврзани вести