Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД и Мето Колоски стравуваат од „црната листа“ на Бајден: Чекаме појаснување од Белата куќа

ОМД и Мето Колоски стравуваат од „црната листа“ на Бајден: Чекаме појаснување од Белата куќа

Обединетата македонска дијаспора предводена од Мето Колоски со седиште во САД стравува дека извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден со која таканаречената „црна листа“ се проширува и на оние кои го опструираат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор носи двосмисленост. 

Од таму велат дека побарале појаснување од Белата куќа за попрецизни одговори на кого конкретно би се однесувала истата и дали ќе ги опфати и македонските иселеници кои живеат во САД.

„Иако извршната наредба се однесува на значителниот криминал и корупција во Југоисточна Европа, таа исто така е разочарувачки двосмислена и широка по своите термини. ОМД чека појаснување од Белата куќа, Министерството за финансии и Стејт департментот за тоа како овој И.Н. ќе влијае врз граѓаните на Соединетите држави (САД), двојните американско-македонски граѓани и американските субјекти, во контекст на нивното загарантирано право на слобода на говор според 1-виот амандман на Уставот на САД. Слично на тоа, слободата на говорот е заштитена според член 16 од македонскиот устав, обезбедувајќи им на македонските граѓани право да ги искажуваат своите мислења јавно и отворено. Во очекување на официјално појаснување на владата на САД, Македонците изразуваат загриженост дека И.Н. може да се искористи за да се задуши јавната дебата и нивните основни човекови права.

Во меѓувреме, Бугарија продолжува да опструира во рамките на Европската унија (ЕУ), барајќи неправедно Македонија да ги ревидира својата историја, идентитет и јазик, за да влезе во ЕУ. За жал, Самитот на ЕУ следната недела не и носи многу надеж на Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори, бидејќи сè уште е заглавена во чекалната од 2004 година“, гласи дел од денешната реакција на ОМД.


Слично

Поврзани вести