Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД го осуди палењето слики и знамиња на протестите на дијаспората

ОМД го осуди палењето слики и знамиња на протестите на дијаспората

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) соопшти дека целосно го осудува палењето на слики на политичари како и национални знамиња и други симболи на неодамнешните протести кои се одржаа во повеќе градови низ светот од страна на иселениците.

- ОМД, како и другите организации предводници на движењето “#НиеСмеМакедонија”, повеќекратно повикаа на мирен и демократски протест со цел зачувување на уставното име, јазик и идентитет, соопштија тие и се оградија од одговорноста на чинители кои своеволно отстапија од демократските вредности и етика, со палење на национални симболи и слики од политички субјекти.

ОМД повикува на одговорност од страна на физичките лица кои стојат зад срамниот чин, и воедно најстрого го осудуи самоволието со кое го загрозија јавниот ред, мир и демократско уредување.

- Како до сега, така и од сега, ОМД останува верен партнер на Македонија кои делува непартиски, и пред се демократски, порачаа од ОМД.


Слично

Поврзани вести