Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД бара одговорност и отповикување на конгресменот Рорабакер

ОМД бара одговорност и отповикување на конгресменот Рорабакер

Обединетата македонска дијаспора смета дека со крајно неодговорниот напад против Република Македонија и повикот за нејзина поделба конгресменот, Дана Рорабакер, републикански претставник од Калифорнија, уште еднаш се посрамотил сам себе, неговите гласачи и партија. 

ОМД го повикува претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат од функцијата претседател на Поткомитет во Конгресот. 

„Членовите на Конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од страна на одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација - држава“- стои во реакцијата од ОМД.

Го повикуваат претседателот на САД, Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а Американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за конгресменот. 

Рорабакер деновиве се изјасни за промена на границите на Балканот и поделбата на Република Македонија.

„Создавањето на македонска држава може да пропадне и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија"- изјави тој во интервју за албанската телевизија „Визион плус". 

Според него,  Македонија не е држава.

Слично

Поврзани вести