Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД бара Бугарија да ги внесе Македонците во Уставот

ОМД бара Бугарија да ги внесе Македонците во Уставот

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) бара Бугарија да ги внесе Македонците во Уставот. 

На ОМД не ѝ пречи да се промени македонскиот Устав, но, под важен услов истото да се случи со воспоставување на реципроцитет и да се промени Уставот на Бугарија, со внесување на македонското малцинство. Ова го изјави денеска на прес конференција Александар Митрески, еден од основачите на ОМД пред почетокот на првиот македонски симпозиум и практики на  ОМД во Скопје. 

Методија Колоски, претседател на ОМД рече дека нивна цел и мисија е обединување на македонската дијаспора.

„Целта е што повеќе да се прошири мрежата на ОМД низ цела Македонија, оти сепак македонската дијаспора е клучниот партнер со татковината, 18 до 20 проценти од БДП доаѓа од дијаспората така  што сакаме што повеќе тоа да се зголемува и македонската дијаспора да стане уште поголем инвеститор, не само во давање средства на роднини и пријатели, туку и инвестирање во локалното општество“, рече Колоски.

Инаку, Македонија треба да направи уставни измени. Текстот за уставните измени помина на седница на Влада, а на 18 август за истото ќе се дискутира во Собранието. 

Според текстот, освен Бугарите, во Уставот треба да бидат внесени хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. 

Но, бугарскиот претседател Румен Радев вели дека уставните измени не се крајот на барањата, туку има и други услови. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести