Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски во одбрана на Турција: Добивме потврда дека Томовски бил криминалец

Оливер Спасовски во одбрана на Турција: Добивме потврда дека Томовски бил криминалец

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска пред медиумите рече дека Македонија од Турција добила потврда дека извесниот Бобан Томовски бил криминалец. 

Вчера турските медиуми објавија дека релативно непознатиот Македонец бил уапсен пред летот за Каиро, а истиот му бил соработник на Седат Пекер, контроверзниот лик кој од странство објавува видеа со афери за турската власт.

„Тоа лице не се барало во Македонија, иако уапсен е во Турција. Согласно законските прописи, ќе се превземат понатамошните мерки. Инаку, секој еден што се занимава со криминал, треба да очекува дека ќе го најде исто што би го снашло и овде. 

После апсењето добивме и потврда дека Томовски се занимавал со криминални активности. Секој еден кој што е чесен и одговорен, не се расправа со полиции и апсења, ниту во државата, ниту во странство“, рече Спасовски.

Слично

Поврзани вести