Оливер Спасовски: Утрово полициска акција во Арачиново, уапсени осум лица
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека утрово се води полициска акција во Арачиново, во која е уапсен и полициски службеник.
„Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога.
По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе“, информира Спасовски на Фејсбук.
Нема детали дали акцијата е поврзана со кражбата на два тони марихуана од складиште со лиоценца за чување на канабис.
Слично
