Оливер Спасовски се врати на работа во Владата
Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, по завршувањето на кампањата и парламентарните избори во земјата, се врати на работното место во Владата.
Спасовски објави фотографија и соопштение дека денеска го примил во својот кабинет Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија.
Тој беше носител на кандидатската листа за пратеници на СДСМ во изборната единица 1, која гравитира во Куманово.
За разлика од Спасовски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе одмора до националниот празник Илинден по што се очекува да започне посериозната фаза во преговорите за составување на нова Влада.
Спасовски ќе биде премиер на Македонија додека не се состави ново парламентарно мнозинство и не се изгласа нова Влада.
