Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски: Проверивме над 120 автобуси на ЈСП

Оливер Спасовски: Проверивме над 120 автобуси на ЈСП

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска објави дека се проверени сите автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје по лажната дојава за поставена бомба во еден од нив непосредно пред најавениот протест пред Владата.

- Проверени се над 120 автобуси, проверката продолжува во ЈСП. Ќе се обезбедат сите докази и истрагата ќе продолжи, најави Спасовски.

ЈСП преку соопштение информираше дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во претпријатието, постапувајќи по пријава околу 5 часот. Во пријавата се наведува дека од неговиот мејл пристигнала порака на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори и повеќе служби во ЈСП дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Утрината МВР вршеше антитерористички проверки и мерки за расчистување на случајот. Вработените на ЈСП денеска требаше со паркирање на автобусите пред Влада да протестираат поради неисплатени плати.


Слично

Поврзани вести