Оливер Спасовски потврди дека „алфите“ повеќе не постојат
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ повеќе нема да постои..
Тие веќе се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во касарната „Ѓорче Петров“, со што практично „алфите“ престанаа да постојат.
- Крајна цел е да имаме поголема видливист на терен, а направена е реорганизација по примерот на европските земји.. Станува збор за фузуија за единица за јавен ред и мир и единицата „алфа“ и тие се спојуваат во интервентна полиција која ќе работи на заштита на безбедноста на Скопје, рече денеска Спасовски на брифингот со новинарите.
„Алфите“ беа формирани во 2005 година и беа посебна интервентна полициска единица под надлежност на министерството чија основна намена беше борбата против уличниот криминал.
Од 2014 година „Алфа“ е во рамките на Секторот за внатрешни работии Скопје и беше оперативна само во главниот град.
