Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски најавува казни за референдумот

Оливер Спасовски најавува казни за референдумот

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент. Тој најави казни за секаков обид за спречување на правото на глас.

„ Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, рече министерот Спасовски.

Тој потсети дека правото на глас е неприкосновено и нагласи дека тајноста на гласот е гарантирана.

„ Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември. Секој граѓанин да гласа по сопствено убедување и по сопствена волја. Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, вели министерот Спасовски.

Референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе се одржи следниот викенд.


Слично

Поврзани вести