Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски: Младите ќе дојдат полесно до прво вработување

Оливер Спасовски: Младите ќе дојдат полесно до прво вработување

Оливер Спасовски, пред младите сопартијци од ССДМ на Летниот камп во Охрид, посочи дека многу нови мерки се предвидени во владината програма со кои ќе им се помогне на младите луѓе во Македонија полесно да се вработат, да добијат поквалитетен животен стандард и да учествуваат во носењето на важните улоги.

Спасовски како потпретседател на СДСМ посочи и дека токму младите се оние кои со својот ентузијазам, енергија и авангардност придонесоа да се случат демократските промени.

„Затоа главниот акцент е ставен токму врз мерките со кои ќе се подобрат животот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до прво вработување. Воведување на проект „Гаранција за младите”, ќе обезбеди во период од четири месеци по завршување на школувањето секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на пракса или тренинг за подготовка за вработување. Тоа е реална младинска политика и јадро на политиките за вработување“ додаде Спасовски.

Во своето обраќање Спасовски рече дека транспарентниот и одговорен начин на владеење подразбира и политики на правда и правичност за секој. „Во Македонија ќе има одговорност за секој кој го прекршил законот, чесното и транспарентно работење ќе бидат реалност“, истакна Спасовски.


Слично

Поврзани вести