Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски: Министерот кој ќе треба да го направи МВРО во МВР

Оливер Спасовски: Министерот кој ќе треба да го направи МВРО во МВР

Една од потешките задачи во владата на мандатарот Заев која до ноќеска на полноќ треба да се изгласа, ја доби Оливер Спасовски.

Спасовски кој до скоро беше генерален секретар и важи за еден од најдоверливите луѓе на Заев пред себе има предизвик да ја департизира полицијата.

Со оглед на стекнатото искуство, бидејќи по трет пат застанува на чело на институцијата која во изминатите години дејствуваше партиски, Оливер Спасовски ќе треба да даде се од себе и да ги извади најдобрите реформи на виделина со што полицијата ќе ја направи непартиска и професионална.

Политичката кариера за Спасовски почнува во 1999 година кога е избран за член на претседателството на Општинската организација на СДСМ, а јавноста за него повеќе дозна кога стана „пржинскиот“ министер токму во МВР.

Две години потоа партиските функции се унапредувале, а тој влегол и во општинските кругови, како советник на градоначалникот на Куманово, Слободан Ковачески, а на столчето останува четири години. Од 2003 до 2004 бил член на ЦО на СДСМ, за од 2005 да се качи на „повисоко“ ниво, како член на Централен одбор. 

Од 2006 до 2008 Спасовски е дел од пратеничкиот состав на СДСМ. Од централна власт, Спасовски повторно се враќа во општинска клупа, овој пат советник на градоначалникот Зоран Дамјановски. Со поддршка од партијата останува во јавниот државен апарат, секогаш на клучни позиции. Тоа го покажува фактот што во 2011 се враќа во Собранието. 

Со мандатот од 2011 до 2014 година е претседател на парламентарната група на Собранието на Република Македонија за унапредување на соработки со повеќе држави.

Спасовски извршуваше јавни функции од времето кога на чело на СДСМ беше Бранко Црвенковски.

Спасовски е роден на 21 октомври 1976 во Куманово. Основно и средно училиште завршил во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што работел како адвокатски приправник, советник на градоначалникот на Куманово и секретар во општина Куманово. 


По крвавиот четврток Спасовски вети дека полицијата повеќе нема да биде командувана од партиските штабови, и дека ќе има темелни реформи во УБК. Јавноста и го очекува токму тоа, а довербата која ќе му ја дадат пратениците ќе треба да се намачи и да ја оправда.

Слично

Поврзани вести