Оливер Спасовски ќе предводи делегација на Светиот Гроб во Ерусалим
Утре државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.
Во составот се уште и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и Шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.
Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.
Слично
